Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми ќе ја следи од далеку ситуацијата на Штипскиот универзитет

Адеми ќе ја следи од далеку ситуацијата на Штипскиот универзитет
Министерот за образование Абдилаќим Адеми најави дека ќе ја следи ситуацијата со изборот на тројцата професори на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, но оти нема да се меша во автономијата на универзитетот. „Инспекторатот има донесено одлука, односно решение за повторување на дел од постапката и останува понатаму Универзитетот да донесе конечна одлука“, вели ресорниот министер. Тој уште еднаш повтори дека преговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за состојбите во образованието се прекинати „заради уцени и условувања“. Решавањето на статусот на тројцата професори од Штипскиот универзитет кои не можат да напредуваат во кариерата и покрај исполнувањето на законските услови, останува приоритетно барање за СОНК, вели претседателот на Синдикатот Јаким Неделков. „СОНК не уценува никого, туку бара да се реши судбината на три човечки животи, како и да се постапи согласно нашите барања за измена на проектите во образованието. Ние имаме морална обврска да постапиме во таков случај и да го штитиме животот на нашите членови“, вели Неделков. Тој нагласува дека доколку Министерството продолжи да ги игнорира синдикалните барања, тие ќе бидат принудени да ја донесат одлуката за генерален штрајк во образованието на стартот од новата учебна година.
Слично

Поврзани вести