Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми ќе дели творечки и научни субвенции

Адеми ќе дели творечки и научни субвенции
Два конкурси за творечки и научни субвенции распиша Министерството за образование и наука. Со нив се предвидува доделување на финансиски средства од по 30.000 денари.

Првиот конкурс е наменет за субвенционирање научни трудови на домашни автори објавени во меѓународни научни списанија со фактор  на влијание во 2014 година. Притоа, предвидено е  да бидат доделени средства за најмногу 300 научно-истражувачки трудови во шест области: природно-математички науки, техничко-технолошки, медицински науки и здравство, геотехнички, општествени и хуманистички науки.

Вториот конкурс е за доделување творечки субвенции и се однесува на дејности реализирани во 2013 година од наставници и соработници на високоообразовни и научни установи од областите: архитектура, ликовна, драмска, музичка, филмска  уметност и литература. Бројот на субвенциите не е ограничен. Условите за аплицирање се учество или настап на фестивал кој е член на Европската асоцијација на фестивали, учество на меѓународен проект и манифестација надвор од Македонија, како државен претставник или по пат на конкурс, аудиција или селекција, појасни министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

За творечките  субвенции може да се аплицира до 31 октомври 2014, а за научните  субвенции  до 31 јули 2015. Деталите за аплицирањето се објавени на интернет страницата на Министерството за образование и наука.

Слично

Поврзани вести