Економија, финансии, бизнис

Контакт

АД Пошта ќе работи за сите државни институции

АД Пошта ќе работи за сите државни институции

Владата на синоќешната седница одлучи да ги задолжи сите државни институции да ја користат универзалната поштенска услуга на АД Пошта на Република Македонија.

Во претходната најава беше наведено дека државниот оператор перманентно работи со загуба и ваквата одлука ќе ги зголеми неговите приходи.

„Одлуката е согласно донесената измена за Законот за поштенски услуги во врска со одлагањето на либерализацијата на поштенските услуги до 31.12.2023 година, а со цел подобрување на финансиското работење на АД Пошта на Република Македонија“, соопшти владината прес служба.

Покрај тоа, Владата им препорача и на сите општини и Град Скопје да ги користат услугите на АД Пошта.


Слично

Поврзани вести