Економија, финансии, бизнис

Контакт

АД МЕПСО го демантира Стоилковски

АД МЕПСО го демантира Стоилковски

АД МЕПСО упати демант на прес конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, со тврдење дека директорот на јавното претпријатие Сашо Василевски ја пријавил имотната состојба во законски пропишан рок.

„Најостро ги демантираме и отфрламе како неточни изнесените наводи од Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ со кои ја дезинформира јавноста дека г-дин Сашо Василевски, претседател на УО и генерален директор на МЕПСО не доставил документи до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста известуваме  дека г-дин Василевски во законски пропишани рокови ја пријавил имотната состојба и измените во анкетниот лист кој е јавно достапен на интернет страницата на ДКСК.“, се вели во демантот.

Слично

Поврзани вести