Ад хок телото заглави на петтиот член, треба да се комплетира до вторник
Членовите на ад хок телото за следење на медиумите за време на изборите, не постигнаа договор за избор на петтиот член.
Средбите ќе треба да продолжат в понеделник, а рокот за изборот на петтиот член, кој треба да биде Албанец, истече во средата. Изборот е заглавен на Даут Даути и Сефер Тахири. Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, и Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, се договорија повторна средба да имаат в понеделник. Ад хок телото за медиуми мора целосно да се формира до вторник. Телото ќе ги следи и казнува медиумите 100 дена пред изборите. На 31 август, лидерите на четирите најголеми политички партии треба да одржат лидерска средба, на која треба да се прецизира датумот за избори.
