Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ад хок телото за медиумите го чека последниот член да се комплетира

Ад хок телото за медиумите го чека последниот член да се комплетира

Петтиот член на ад хок телото за регулација на медиумите треба да биде избран во текот на денот.

Тој според политичкиот договор постигнат на 20 јули треба да биде етнички Албанец. На јавниот повик пријавени се Сефер Тахири, Илир Ајдини, Бесмира Ејупи, Даут Даути, Ајат Реџепи, Фатмир Кријезиу, Лулзим Хамиди и Јосиф Џочков. Претходно предложени од ВМРО-ДПМНЕ  се Слаѓана Димишковска и Цветин Чилиманов и од СДСМ, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски.

Изборот е со консензус меѓу 4-цата членови што ги предложија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ДУИ и ДПА не предложија членови во ад хок телото.

Советот на Агенцијата за медиуми ќе ги почитува препораките на ова телото во врска со балансираноста на известувањето во електронските медиуми во рок од 100 дена до изборите.

Мандатот на членовите истекува со крајот на изборите. Во тек се подготовките на методологијата за следење на медиумите во предизборната трка која треба да биде усвоена на 26 август.

Слично

Поврзани вести