Ад хок телото за медиуми ќе го добие и петтиот член
Петтиот член на ад хок телото за медиумите треба да биде избран денеска и да биде Албанец.
Тој треба да се избере со консензус на досегашните членови.
Телото ќе има пет члена, а веќе се избрани четворица. Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова се членовите по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а Љубомир Костовски и Горан Трпеноски се предложени од СДСМ. Ова е во согласност на договорот кој го постигнаа партиите, а со тоа и ад хок телото ќе се комплетира.
Се предвидува дека Советот на Агенцијата за медиуми ќе ги почитува препораките на ад хок телото за балансираноста на известувањето во електронските медиуми во рок од 100 дена до изборите.
Слично
