Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ад хок телото одлучи како ќе решава за казни на медиуми

Ад хок телото одлучи како ќе решава за казни на медиуми
Ад хок телото за мониторинг на медиумите по долги дебати се согласи за одредбите од новиот деловник за работа по кој ќе работат и носат одлуки за изрекување на опомени или казни за медиумите. Главниот проблем беше како ќе се гласа меѓу петте члена, по двајца предложени од власта и опозицијата и еден независен член. Решено е да се гласа со мнозинство од три гласа, со тоа што за одржување на седница потребен е кворум од тројца, но за тие да одлучат треба да постигнат консензус. Првиот извештај за период од изминатите 10 дена е веќе изготвен. Остануваат уште девет периоди до денот на изборите. Тој се уште не е доставен до членовите на ад хок телото. Дел од нив вчера изјавија дека медиумите главно ги почитувале професионалните стандарди.
Слично

Поврзани вести