Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ад хок телото никако да откочи-Решението ќе падне врз грбот на партиските лидери!

Ад хок телото никако да откочи-Решението ќе падне врз грбот на партиските лидери!

Уште една обврска паѓа врз грбот на партиите.

Лидерите најверојатно ќе треба да го решат и проблемот со ад хок телото.

Сите досегашни средби, па и денешната се покажаа безуспешни и покрај повлекувањето на едниот кандидат вчера. Членовите на ад хок телото никако да најдат консензус за нивниот петти колега кој, според договорот треба да биде Албанец.

Партиските лидери се тие кои ќе треба да пресечат за телото кое ќе има задача да ги мониторира медиумите 100 дена без избори, но прво треба да се комплетира.

Рокот за избор на последниот член на телото Албанец заврши минатата недела.

Денес се одржува лидерска средба, на која Груевски, Заев, Ахмети и Тачи ќе треба да одлучат дали има или нема услови за избори.

Слично

Поврзани вести