Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ад хок комисијата почна да го испитува „црниот понеделник“

Ад хок комисијата почна да го испитува „црниот понеделник“
Имаат 2 месеци за да го напишат извештајот, а денеска се фатија за работа. Комисијата за утврдување на настаните од 24-ти декември, утврди динамиката на работа. Планираат интензивно темпо на работа до крајот на јули, а прецизирано е и кои документи ќе се разгледуваат во процедурата. Според претседателот  Борче Давитковски има добра атмосфера за работа, а денеска дека се разгледувала драфт верзијата на Деловникот за работа. Наскоро се очекува да се договори и тоа дали одлуките ќе се носат со консензус или со мнозинство. „Од вкупно 30-тина члена на предлог-деловникот ги разгледавме првите 15. Сега ќе се види дали ќе има мониторинг, можно е да дојдат набљудувачи, а за делот за одлучување се надеваме дека утре ќе го испегламе“, изјави денеска Давитковски. Ад хок комисијата која треба да ги испита случувањата од „црниот понеделник“, беше основана вчера, а во неа покрај Давитковски членуваат по 2 експерти номинирани од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести