Економија, финансии, бизнис

Контакт

АД ЕСМ воведе мерки на штедење, ќе испраќа работници на принуден одмор

АД ЕСМ воведе мерки на штедење, ќе испраќа работници на принуден одмор

АД ЕСМ воведе мерки на штедење со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза, а како што се вели во информацијата, ќе се испраќаат работници на принуден одмор.

. Мерките се насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.

Од тие причини, во тек е постапка на утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно согласно Законот за работни односи,  со исплата на 70% од платата, се вели во соопштението на „Електрани“.

Од таму додаваат дека намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, како што се спонзорствата, репрезентациите, службените патувања кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија.

Од АД ЕСМ информираат деја сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови, додека законската дневница за патување се исплаќа во половина износ. 

- Запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес, додека употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана, објави претпријатието во државна сопственост.


Слично

Поврзани вести