Економија, финансии, бизнис

Контакт

АД ЕСМ: греење ќе има, гас и топлинска енергија се набавени за цел декември

АД ЕСМ: греење ќе има, гас и топлинска енергија се набавени за цел декември

АД ЕСМ ги известува граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период. 

- За месец декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС и топлинска енергија од ТЕ ТО. АД ЕСМ продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансиски подобрите услови - пишува во соопштението на ЕСМ.

Тие воедно демантираа написи на медиумите дека гас има за еден ден.

-  Редакцијата пред два доби одговор од АД ЕСМ дека компанијата располага и со гас и со средства за набавка на гас и дека нема никакви проблеми  околу испораката на греење за Скопје во следниот период - потенцираат во соопштението.

Слично

Поврзани вести