АД ЕСМ: Девет понуди за набавка на јаглен, количините прифатливи
АД Електрани на Македонија објави дека девет компании се јавија на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК Битола за дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции за надминување на енергетската криза.
Овој пат од таму велат дека бараните количини од 900.000 тони јаглен колку што се барање на повторениот повик се задоволени. Понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен од два домашни рудници, потоа од фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција.
-Следува техничка евалуација, односно проверка дали понудениот јаглен ги задоволува минимум техничките карактеристики, по што ќе се прави економско-финансиска евалуација на понудите, гласи информацијата на АД ЕСМ.
За јагленот од 300.000 тони за ТЕЦ Осломеј од првиот повик за набавка се очекува во понеделник да се официјализира изборот на понудувачот и да се потпише договор за да може да започне испораката.
