АД ЕЛЕМ потрошил најмногу на јавни набавки и во 2018-та
АД ЕЛЕМ втора година по ред е редордер по вкупната сума за склучени договори во јавните набавки.
Во 2018-та јавните потрошувачи како министерствата, бироата, претпријатијата, агенциите, дирекциите, фондовите, управите и други органи склучиле тендерски договори во висина од околу 700 милиони евра, потврди Бардул Насуфи, директорот на Бирото за јавни набавки за МИА, а во таа сума најголемо учество има Електрани на Македонија.
- Најмногу огласи за јавни набавки има објавено договорниот орган АД Електрани на Северна Македонија, 645 огласи со вкупна вредност од 2.843.656.263 денари или околу 46.000.000 евра, потврди Насуфи.
Оваа компанија во 2017-та беше рекордер од сите други органи, институции, претпријатија, дирекции и јавни агенции според сумата на склучени договори во 2017-та, а таа изнесуваше 4,75 милијарди денари и беше убедливо најголемиот потрошувач.
Оваа година, од „мултимилионските“ набавки што може да се издвојат предвидено е АД ЕЛЕМ да ангажира помошна механизација, како што вообичаено се работеше во последната деценија, но и купување на сопствени машини како што најави раководството.
