АД ЕЛЕМ ќе продава струја за прв пат по две години и тоа многу повеќе
АД „Електрани на Македонија” за прв пат по две години пауза објави продажба на вишоци на електрична енергија и тоа неколкукратно повеќе од последниот пат.
Се работи за вкупна количина од 102.720 мегават часови што ќе се продаваат во јуни, јули и август 2018 година. За јуни ЕЛЕМ за продажба нуди 43.200 мегават часови, за јули 29.760, а за август 29.760 мегават часови електрична енергија.
Продажбата, како што информираат од компанијата, ќе се одржи во четврток на 3 мај во просториите на Дирекција на АД ЕЛЕМ – Скопје, по пат на аукциско наддавање, од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.
Продажбата на вишоци на електрична енергија, која е огласена денеска, додаваат, е прва по подолг временски период. Прецизираат дека АД ЕЛЕМ последен пат продала вишоци од своето производство во 2016 година во вкупна количина од 16.000 мегават часови
