Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ацо Ристов: Регулаторна комисија ќе анализира дали да ги укине блок-тарифите за сметките за струја

Ацо Ристов: Регулаторна комисија ќе анализира дали да ги укине блок-тарифите за сметките за струја

Ацо Ристов, новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, на денешниот прв брифинг со медиумите , меѓудругото, рече и дека ќе се анализираат воведените блок-тарифи во сметките за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи  и дека ќе се донесе одлука евентуално за нивно укинување.

- Регулаторна комисија во наредниот период ќе анализира дали да останат, дали да се укинат или пак дали да се промени структурата на самите блокови. Ова ќе се прави за да се види дали тоа е фер пристап, бидејќи не треба една работа да се наплаќа со различни цени, рече Ристов.

Блоковите за струја на регулираниот пазар во Македонија се воведени од 1 јули 2022 година, како дел од реформата на тарифниот систем за домаќинствата што ги снабдува универзалниот снабдувач. Системот важи за скапата, односно високата тарифа, а идејата е потрошувачите што трошат помалку да плаќаат пониска цена, а оние со поголема потрошувачка да плаќаат поскапа електрична енергија.

Има четири блокови: прв блок до 210 kWh, втор блок од 211 до 630 kWh, трет блок од 631 до 1.050 kWh, и четврт блок над 1.050 kWh. РКЕ ги воведе со образложение дека треба да испратат сигнал за рационално користење на електричната енергија, односно принципот е: „кој троши повеќе, плаќа повеќе; кој троши помалку, плаќа помалку“.

Блок-тарифите беа воведени во екот на енергетската криза за да се ублажи ценовниот удар врз најголемиот дел од домаќинствата и да се заштитат ранливите категории. Според тогашниот став на РКЕ, без блок-тарифите струјата за сите домаќинства ќе поскапела значително повеќе. РКЕ подоцна објави дека по воведувањето на блоковите била регистрирана голема заштеда во потрошувачката во висока тарифа.

Инаку Ристов на брифингот, коментирајќи го објавениот извештај за работењето на РКЕ за 2025, рече дека за прв пат купената електрична енергија лани на отворениот пазар е над 50 отсто, како добар сигнал во прилог на движењето за потребната енергетска либерализација.

- 86 одсто од електричната енергија во 2025 е од домашно производство, тенденцијата е да расте и во 2026 и 2027 и Македонија конечно да стане енергетсли независна, изјави поранешниот градоначалник на Радовиш.

Во потрошувачката на електрична енергија има раст од 3 отсто, а Ристов смета дека голем дел во тоа како влијание има вклучените клима уреди во летните месеци. Првиот човек на „Регулаторна“ напомена дека потрошувачката на струја во најтопшлите месеци од годината се движи кон израмнување со количините што се трошат за време на греењето во зимските месеци.

Тој додаде дека лани на македонската берза за електрична енергија се  истргувани за над 41 отсто мегаватчасови повеќе во однос на 2024. ЕВН Хоиме има шест пати повеќе набавено на берзата има струја како универзален снабдувач

- 27,7 отсто е зголемено производствпто пд фотоцентрали, хиперпродукцијата значи дека во иднина оваа енергија ќе се извезува на европските пазари кога ќе се интегрираме во нив, наведе Ристов.

А.К.


Слично

Поврзани вести