Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ацевски: Фирми треба да вратат 3,8 милиони евра во буџетот за владина мерка

Ацевски: Фирми треба да вратат 3,8 милиони евра во буџетот за владина мерка

Максим Ацевски, директорот на Заводот за ревизија, по извршената ревизија за економските мерки на владата за време на пандемијата, вели дека фимри треба да вратат 3,8 милиони евра за нереализирани услови од владина мерка од третиот ковид-пакет.

Станува збор за 114 претпријатија кои добиле пари преку програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата им помагаме на компаниите за освојување на нови пазари, зголемување на нивната конкурентност како и модернизација на процесите.

- Извештајот е веќе доставен до Министерството за финансии со насока дека 238.684 илјади денари или околу 3,8 милиони евра треба да бидат вратени во буџетот на Република Северна Македонија. Тоа е така затоа што од третиот пакет економски мерки доделена е финансиска поддршка на 389 деловни субјекти од приватниот сектор, во вкупен износ од 1.063.950 илјади денари односно 17,3 милиони евра. Согласно договорите за исплата на финансиската поддршка, доколку деловните субјекти заклучно со 31.12.2021 година не завршат минимум 80 отсто од инвестицијата, средствата треба да ги вратат во Буџетот на РСМ, обезбедени со меници и менични изјави во форма на нотарски акт со извршна клаузула, со важност до 01.03.2022 година. Од причина што 130 корисници на финансиската поддршка не ја завршиле инвестицијата за која ги добиле средствата, во текот на ревизијата преземени се активности од страна на Министерството за економија и Владата, при што 16 деловни субјекти извршиле поврат во буџетот на РСМ во вкупен износ од 24.825 илјади денари (околу 400 илјади евра), додека на 114 деловни субјекти се активирани мениците, со што во Буџетот на РСМ ќе се изврши поврат на средства во вкупен износ од 238.684 илјади денари или околу 3,8 милиони евра, изјави Ацевски во интервју за Нова ТВ.


Слично

Поврзани вести