Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аболицијата падна за Груевски, Јанкуловска, Заев, Јанакиески, Мијалков, кои се останатите?

Аболицијата падна за Груевски, Јанкуловска, Заев, Јанакиески, Мијалков, кои се останатите?
Аболицијата падна за 22 политичари на листата на Иванов, а меѓу нив се и Груевски, Мијалко, Заев, Јанкулоска, Јанакиески... На листата на аболираните имено може да се забележат точно 22 политичари. Вака би требало, неофицијално, да изгледа списокот на оние за кои нема да има аболиција. Повлечена аболиција: Миле Јанакиески – поранешен министер за транспорт и врски(политичар) Живко Пејковски – директор на затворот „Идризово“(политичар) Гордана Јанкулоска – поранешен министер за внатрешни работи(политичар) Љупчо Димовски – поранешен министер за земјоделство(политичар) Мартин Протоѓер – шеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски(политичар) Љупчо Тодоровски-Радникот – поранешен директор на Бирото за јавна безбедност Мендух Тачи – претседател на ДПА(политичар) Бедредин Ибраими – член на ДИК од ДПА(политичар) Кирил Божиновски – поранешен генерален секретар на Влада(политичар) Сашо Мијалков – поранешен директор на УБК(политичар) Никола Груевски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер(политичар) Тони Трајковски – градоначалник на Гази баба(политичар) Зоран Заев – претседател на СДСМ(политичар) Едмонд Темелко – градоначалник на Пустец, Република Албанија(политичар) Трајко Вељаноски – претседател на Собранието на Република Македонија(политичар) Ирена Мишева – претседателка на Советот на Град Скопје (политичар) Коце Трајановски – градоначалник на Град Скопје(политичар) Владимир Тодоровиќ – поранешен градоначалник на општина Центар(политичар) Зоран Верушевски – поранешен директор на УБК(политичар) Владимир Талески – градоначалник на Битола(политичар) Аболирани остануваат: Ивица Анчевски-Пуки – поранешен раководител на полициската единица „Алфи“ Горанчо Тодев Метуш Шабани Новица Станковски Ристо Новачевски – формално директор на „Сирах инженеринг“, кум на Груевски од првиот брак Тодор Мирчевски – директор на офшор-фирмата „Ексико“ Киро Тодоровски Надица Велевска – вработена во МВР Мунир Пепиќ – полициски службеник Трајко Трпевски – генерален директор на градежната компанија „Бетон“ Мирослав Јовановиќ – главен директор за техника и ИТ на Македонски Телеком Горан Грујовски – поранешен началник на Петата управа при УБК Коста Митровски – Тони Јакимовски – национален координатор за борба против тероризмот и поранешен директор на „Идризово“ Жарко Луковски – главен извршен директор на „Телеком“ Никола Бошкоски Валентина Симоновска – архиварка во МВР Ѓорѓи Лазаревски – поранешен вработен во УБК Соња Верушевска – сопруга на Зоран Верушевски, вработена во Комерцијална банка Бранко Палифров – вработен во Општина Струмица(политичар) Анета Станчевска – шеф на одделот за внатрешна контрола во МВР Исмет Гури – поранешен член на општинска изборна комисија на Чаир(политичар) Дејан Митровски-Урко – поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски Бранко Црвенковски – поранешен претседател на СДСМ и поранешен претседател на Македонија(политичар) Коста Крпач – директор на скопската компанија „Финзи“, која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“ Владислав Стајковиќ – прв управител на фирмата „Финзи“ и директор на „Мобико ДООЕЛ Скопје“, фирма која е овластен сервисер за мобилни телефони на „Т-мобиле Македонија“ Христијан Панев – директор на НВСП, сопственик на „Радио Слободна Македонија“ Божидар Јанковски – директор на „Дајнерс Македонија“ Светлана Костова – судијка на Вишиот управен суд Хаим Хакини – државјанин на Израел Лиле Стефанова – обвинителка во СЈО Фатиме Фетаи – обвинителка во СЈО Гаврил Бубевски – обвинител во СЈО Звонко Костовски – вработен во МВР
Слично

Поврзани вести