АБОЛИЦИЈА: Како Иванов се посипа со пепел?
Кога на 12 април Претседателот Ѓорѓе Иванов најави обраќање до јавноста, никој не очекуваше дека таткото на нацијата ќе објави дека донел одлука да аболира 56 лица осомничени за криминал и тешки кривични дела. Професорот на Правниот факултет д-р Ѓорѓе Иванов, ги погази Уставот и законите и 56 луѓе ги направи недопирливи и нерамноправни во однос на останатите граѓани. Со аболицијата му ги врза рацете на Специјалното јавно обвинителство, го „комираше“ договорот од Пржино, а меѓународната заедница ни упати порака – или правна држава или изолација.
Куртули од импичмент, но не и од Шарената револуција
Со одлуката за аболиција, Иванов го навлече гневот на граѓаните. Тој е „заслужен“ што се роди ново движење во Македонија – „Шарена револуција“. Од денот на соопштување на одлуката до денес, секој ден во 18 часот граѓаните се собираат пред Специјалното јавно обвинителство и протестираат барајќи повлекување на помилувањата. Целиот барок во центарот на Скопје и спомениците од проектот Скопје 2014 се обоени во боите на Шарената револуција, како револт кон владеењето на оваа власт, но и како симбол за демократијата и слободата за која протестираат.
Од 12 април наваму, ништо не е исто. Изборите на 5 јуни не се одржаа. Министрите од СДСМ повеќе не се во власта. МВР апси и ги повикува на информативни разговори учесниците во протестите. Неколкумина завршија во домашен притвор. Опозицијата поведе постапка за импичмент на Иванов. Но, со надгласување во собраниската комисија, ВМРО ДПМНЕ не дозволи да помине предлогот на СДСМ и ДУИ, кои сметаат дека одлуката за аболиција ги прекршил Уставот и законите.
Сепак, Претседателот не поднесе оставка, ниту пак опозицијата институционално ќе го „турне“. Но, тој останува мета број 1 на протестите. Од движењата „Шарена револуција“ и „Протестирам“ поставија ултиматум - до 18 јуни да се исполнат повеќе барања кои ги упатија до власта, а Иванов да се повлече од функцијата.
Титаник, Тортура, Тврдина, Транспортер, ТНТ- има криминал, нема криминалци
Аболицијата Иванов ја донесе во време кога се нижеа предмети кои ги отвори тимот на Катица Јанева.
Највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ од удобните фотељи, почна да се појавува на распит во Кривичниот суд. Министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, директорот на петта управа во МВР Горан Грујоски, со часови одговараа на прашањата за нивна можна инволвираност во криминал и изборни измами.
Се чекаше да дојде редот и на екс премиерот Никола Груевски, да биде повикан на распит за некој од предметите на СЈО. Но, тоа не се случи. Претседателот Иванов реши да донесе „историска одлука“, за која што изјави дека ја донел сам и во интерес на државата и на нацијата, со цел да и стави крај на политичката криза.
„Со намера да придонесам во решавањето на кризата и релаксирање на односите и намалување на тензиите меѓу спротивставените политички сили и нивните поддржувачи, а свесен за последиците за државата и граѓаните ако ништо не се преземе во оваа тешка криза, свесен за последициите врз мене со преземањето на овој чекор, но и со силна верба дека носам одлука во интерес на државата и нацијата, нејзината стабилност и независност, одлучив да се стави крај на оваа агонија на Република Македонија“ рече Иванов.
Иванов оттогаш се најде под голем притисок во домашната јавност и од меѓународниот фактор. Сите бараа повлекување на аболицијата и еднаквост пред законите. Повлекување, барем декларативно, дури бараше и владеачката ВМРО-ДПМНЕ, иако најмногу помилувани на списокот на Иванов имаше токму од партијата на Никола Груевски.
Меѓународната заедница му „дишеше во врат“ на Иванов
САД, ЕУ, НАТО, Германија, Холандија, од сите страни стигнуваа пораки – аболицијата целосно да се повлече.
Во заедничката изјава високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан порачаа.
„ Помилувањата од 12 април треба да се поништат без одлагање, да се зачува принципот на одговорности да се избегне селективна правда“
Помилувањата од страна на претседателот според наше видување го поткопува владеењето на правото, порачаа САД, преку својот емисар кој го испратија во земјава, заменик помошникот државен секретар на Соединетите Држави Хојт Брајан Ји.
„Доколку лидерите ги поништат или повлечат помилувањата на само делумен или селективен начин, тоа само дополнително ќе го зголеми растечкото чувство на неказивност во државата и на недостатокот од одговорност“, изјави Ји.
И генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика политичките лидери во Македонија да ја решат кризата и побара повлекување на аболицијата.
„Вратата на НАТО се уште е отворена, но клучно е лидерите во земјата да ги решат проблемите, особено со владеење на правото, вклучително и повлекувањето на помилувањата од претседателот. Важно е да има минимум услови за нормален демократски политички живот.“
Иванов во клинч делумно ја повлече аболицијата
По бројните и жестоки реакции од дома и од странство, Претседателот на 27 мај одлучи да ја повлече амнестијата за 22 од вкупно 56 лица, кои беа опфатени со првичната одлука. Иванов образложи дека, за разлика од 12 април, Македонија имала функционални институции кои можат да се справат со безбедносните предизвици.
„И денес како и тогаш сметам дека одлуката беше во интерес на граѓаните. Многумина не ја разбраа или не сакаа да ја разберат оваа идеја. Бев обвинуван дека сакам да ги заштитам политичарите и дека сум креирал селективна правда. Немав таква намера“, објасни Иванов.
Преостанатите 34 лица кои не беа опфатени со поништувањето на амнестијата, мораа да се обратат директно кај Иванов за нејзино повлекување. Но, изминаа десет дена, а ниту еден од непомилуваните не побарал поништување на одлуката. Па, Иванов целосно ја повлече аболицијата. Тој сепак, и натаму верува дека донел исправна одлука на 12 април, но одлучил да ја повлече поради променетата политичка и безбедносна реалност во земјата.
„Уште еднаш ќе потсетам дека за разлика од 12 април, денеска имаме нова реалност во Македонија. Во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците“, пишува во најновата одлука на Иванов, од серијата кои ги донесе на една иста тема – аболиција.
Кој е виновен за смртта на Коста Крпач?
Кога почина аболираниот Коста Крпач, се дозна дека тој воопшто не бил осомничен во ниту еден случај или постапка на Специјалното јавно обвинителство. Од обвинителството на Катица Јанева, по неговата смрт соопштија дека Крпач имал статус на сведок.
„Коста Крпач доброволно се јави во ова Јавно обвинителство и истиот имаше својство на сведок во рамки на една предистражна постапка. Соработката со сведокот беше беспрекорна и се работеше за исклучителна личност, така што веста за неговата смрт ги погоди сите вработени во ова Јавно обвинителство“, соопшти СЈО.
За јавноста, како и за СЈО, останува нејасно зошто претседателот Иванов го ставил и него на листата на помилувани. Од СЈО се уште чекаат од Иванов да одговори на прашањето од каде му се информациите за ова лице.
Аболирана погрешна Фатиме Фетаи
Дали од брзање или од нестручност, Иванов помилува и погрешна личност. Наместо обвинителката Фатиме Фетаи, на списокот се најде извесна личност со исто име и презиме, ама од друг град. Вистинската Фатиме Фетаи, во писмо до Претседателот му објасни колку голем лапсус направил со целата постапка.
„Само да Ви посочам дека во изведбата на најсрамниот чин во историјата на Република Македонија при неразбирливо брзање, барем за мене не требаше толку да брзате, всушност сте ја помилувале Фатиме Фетаи од Гостивар. Јас не сум од Гостивар, живеам во с.Боговиње – Тетовско и со целата оваа рашомонијада која ја направивте, Вие тотално го избришавте правниот систем во Република Македонија“, напиша Фетаи.
Список на аболирани и поништени помилувања
Бивш премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски;
Ексдиректорот на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков;
Бившата министерка за полиција Гордана Јанкуловска;
Бившиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески;
Шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер;
Вработен во обезбедувањето на Груевски, Дејан Митровски – Урко;
Лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев;
Ексразузнавачот Зоран Верушевски;
Сопругата на Верушевски, Соња;
Службеникот од Општина Струмица Бранко Палифров;
Бившиот премиер и претседател, Бранко Црвенковски;
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски;
Секретарот на Владата, Кирил Божиновски;
Началникот на петтата управа на МВР, Горан Грујоски;
Бизнисменот и директор на „Дајнерс“, Божидар Јанковски (Бобо – Дајнерс);
Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност на МВР, Љупчо Тодоровски-Радникот;
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи;
Членот на ДИК од ДПА, Бедредин Ибраими;
Специјалните јавни обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубески;
Директори на компании што се јавуваат како сопственици на неколку медиуми блиски до власта, Христијан Панев, Коста Крпач, Владислав Стајковиќ;
Претседател на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева;
Државјанинот на Израел споменат во „бомбите“ за провизии при купување опрема од еврејската држава, Хаик Хакијни;
Директорот во Телеком, Жарко Луковски;
Главен директор за техника и ИТ на Телеком, Мирослав Јовановиќ;
Судијка во Вишиот управен суд што се споменува во една од „бомбите“, Светлана Костова;
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски;
Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски;
Бившиот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ;
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески;
Директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски;
Вработен во полициската станица „Бе-Ко“, Мунир Пепиќ
Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко;
Претседател на изборна комисија Центар, осомничен во „Титаник“, Коста Митровски;
Член на Општинската изборна комисија во Чаир, осомничен во акцијата Титаник, Исмет Гури;
М.Ј.

Слично