Абазовиќ: Шверцот со цигари и кокаин го прават Ранко Убовиќ и Зоран Лазовиќ и финансираат изборни кампањи
Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ објави дека додека не бил избран за вицепремиер, шверцот со цигари бил табу тема.
- Има три шверцерски клана, а еден е спонзор на партиите во кои се Рашко Коњевиќ, вицепремиер, Ранко Кривокапиќ, министер за надворешни работи и почесен претседател на СДП и Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора и лидер на ДПС. Затоа се сите напади. Се прави градба да ме обвинат дека учествувам во шверц. Ги повикувам надлежните да ги утврдат фактите. Можам да носам политичка одговорност поради луѓето околу мене, но да не ги мешаме шините - шверцот со цигари го прават Убовиќ и Зоран Лазовиќ. Шверцуваат и кокаин, а последните 30 години ги финансираат изборите во Подгорица - рече Абазовиќ на денешната седница на Комисијата за безбедност и одбрана, пренесува „Новости.рс“.
