Економија, финансии, бизнис

Контакт

А1 Македонија е на располагање на сите деловни субјекти во процесот на дигитална трансформација

А1 Македонија е на располагање на сите деловни субјекти во процесот на дигитална трансформација

Деловната заедница е исправена пред предизвикот за забрзано навлегување во процесот на дигитализација. Независно од индустријата и областа во која егзистираат, секој деловен ентитет го бара начинот за поедноставна комуникација, поедноставување на процесите што пак секако носи и поголема ефиксаност во работењето. Но како да се дојде до најдобрите решенија, дали за македонските компании се достапни најновите техничко-технолошки решенија и што да очекуваме во иднина на ова поле, зборуваме со Стевчо Ристески, директор за маркетинг и продажба за деловни корисници во А1 Македонија.

Неодамна А1 Македонија воведе ново бизнис портфолио наменето за деловните корисници. Кои се новитетите и придобивките?

Ристески: Нашата примарна цел во А1 Македонија како дел од A1 Телеком Австрија групацијата е врвно корисничко искуство, најдобра понуда за нашите корисници и најдобра вредност за вложените средства. Во таа насока пред неколку недели лансиравме ново портфолио кое ги адресира спецификите на деловните корисници и да го олеснува нивното секојдневно функционирање.  Со новото портфолио овозможуваме конвергентност на фиксните и мобилните услуги под одлични технички и финансиски услови, понудивме повеќе мобилен интернет во тарифите, 6 месеци без претплата за фиксниот интернет и избор на мобилни уреди без доплата. Овие услови комбинирани со најбрзата мобилна мрежа која ја поседува А1 Македонија согласно мерењата на АЕК, изборот на повеќе дигитални и ИКТ услуги како и прилагодување на продуктите на различни индустрии согласно вертикалната сегментација која ја воведовме, сметам дека ја комплетираат најдобрата понуда за деловните корисници.

Пандемијата го промени моделот на работа на деловните субјекти. Во зависност од областа во која делуваат повеќето од нив го применуваат моделот на работа од дома. Што понуди А1 со цел да го олесни водењето бизнис и функционирањето на компаниите во време на криза и што е вашата препорака?

Ристески: Со самиот почеток на кризата А1 Македонија реагираше брзо со цел да ја поддржи трансформацијата на начинот на работа на деловните субјекти. Во таа насока уште на стартот на кризата понудивме повеќе промотивни услуги - дополнителен мобилен интернет за сите корисници, попусти за виртуелен приватен сервер како опција за електронски продавници, бесплатна видео конференција како и cloud messaging услугата како опција за перманентна комуникација на деловните субјекти со нивните корисници, потоа воведовме услуга за генерирање на електронска фактура, а непречена комуникација овозможивме со нашите HomeBox и OfficeBox производи кои овозможуваат квалитетен интернет пристап без потреба од посебна инсталација што е особено важно во овој комплексен период. Сите овие промоции и продукти беа многу позитивно прифатени од корисниците и овозможија полесно да се справат со предизвиците.

Она што во оваа прилика сакам да го препорачам за сите деловни корисници, а со оглед на промените во начинот на работа е да се фокусираат на дигитална трансформација и на миграција на услугите и сервисите кон cloud. Тргнувајки од миграција на базичната фиксна телефонија кон виртуелен PBX во cloud, миграција на податочната комуникација кон SDWAN, интернет безбедност во cloud, како и миграција во cloud на апликациите кои ги користат. Со ваква трансформација и миграција работното место станува ирелевантно, може да се работи од секаде и во секое време, а да се запазат највисоки безбедносните стандарди и да се озбезбеди максимална ефикасност и продуктивност.

Во таа насока ние како А1 стоиме на располагање со сите наши ресуси да го помогнеме тој процес на трансформација, а со користење на искуствата од А1 групацијата и особено ExoScale cloud платформата да понудиме алатки и теничка можност за реализација на дигиталната транформација. ExoScale платфромата на А1 групацијата е врвна европска cloud платформа која ги задоволува сите европски регулативи во делот на зашитита на податоци и безбедност, a овозможува поголема флексибилност и конкуретност во споредба со останатите глобални cloud платформи.

Дали и колку бизнис заедницата е подготвена за имплементација на нови, дигитални решенија?

Ристески: Нивото на дигитализација кај нас е се уште незадоволително ниско, но прашањето за подготвеноста на деловната заедница со глобалната пандемија за жал или за среќа падна во втор план. Имено веќе не е прашање дали компаниите се подготвени, туку прашањето е колку побрзо ќе имплементираат дигитални решенија. Оние кои нема да реагираат брзо, за жал веројатно нема да бидат во можност да опстанат на пазарот и во бизнисот. Пандемијата и покрај различните проценки за времетраењето навлегува во втората година и без разлика колку ќе трае може да се каже дека дефинитивно го промени начинот на функционирање на бизнисот. А1 Македонија како високо технолошка компанија со дигитализирани процеси и долгогодишно акумулирано искуство стои на располагање на сите деловни субјекти  во насока на поддршка и практична реализација на процесот на дигитална трансформација. Покрај супериорната комуникациска инфраструктура потврдена од АЕК како основа на дигиталната трансофрмација, спремни сме да ги понудиме нашите услуги во делот на податочни центри, ИТ безбедност, ИоТ и паметни градови, а во најскоро време и услуги базирани на 5Г како катализатор на брза дигитализација на општеството. 

Имајќи предвид дека агентите за продажба се постојано активни и на терен, дали оваа вонредна состојба го промени вашиот начин на работење? Дали и каде корисниците имаат пристап до своите агенти?

Ристески: Со самиот почеток на пандемијата сите се соочивме со една нова состојба многу поразлична од се претходно. Во таа насока моравме брзо да се прилагодиме на случувањата и да го трансформираме начинот на функционирање.  Направивме брза трансформација во еден хибриден модел, комбинација на работа од дома и теренска работа при што на прво место беше зачувување на здравјето на нашите вработени, но истовремено со фокус на  достапноста на нашите продажни менаџери за корисниците преку сите комуникациски канали и навременото исполнување на сите барања и потреби на нашите деловни корисници.

Од денешна перспектива мислам дека успеавме да ги оствариме очекувањата и на нашите корисници и на вработените во овој специфичен период, но оперативната извонредност и врвното корисничко искуство е многу значајна област во која и понатаму ќе работиме и ќе вложуваме сериозни напори за постојано да ги подигнуваме на повисоко ниво.

Да очекуваме ли нови бизнис решенија во скоро време?

Ристески: А1 Македонија веќе се етаблира како сериозен партнер и обезбедувач на услуги на деловните субјекти и во таа насока ќе продолжиме со развој во повеќе сфери, а особено во делот на продуктно портфолио. Во делот на базична комуникација ќе работиме на збогатување на конвергентната понуда со нови дополнителни елементи пред се во делот на дигитални услуги, апликации и ИТ безбедност.  Покрај тоа, согласно развојните планови со воведувањето на 5Г технологијата значајно ќе се зголемат брзините и достапноста на услугите, а ќе се отвори перспектива за нови услуги базирани на IoT и во индустријата но и во секојдневниот живот.

Во комбинација со најдобрата и најбрзата мобилна мрежа во наредниот период ќе работиме и на проширување на ресурсите и портфолиото на ИКТ и дигитални услуги. Во таа насока со локалните ресурси, но и во соработка со А1 Digital ќе понудиме повеќе услуги базирани на податочни центри вклучително колокација, cloud инфраструктура, PaaS, IaaS и SaaS услуги, понатаму услуги од областа на ИКТ безбедност почнувајќи од безбедност на ниво на уред, безбедност на ниво на мрежа, заштита од DoS/DDoS напади како и услуги за проверка на безбедноста на сите нивоа за корпоративните корисници.

Врвната комуникациска инфраструктура во комбинација со скорото воведување на 5Г ќе ни овозможи да понудиме сервиси неопходни за имплементација на паметни градови, е-образование и е-здравство како пошироки области од врвен приоритет и на локално, но и на глобално ниво.

За крај би рекол дека не очекува еден динамичен период исполнет со многу активности, забрзана дигитална трансофрмација на деловниот сегмент и на општеството и би препорачал на сите деловни корисници да го изберат А1 Македонија како сигурен и етаблиран комуникациски провајдер и партнер за дигитализација, со цел брза реализација на сите планови и максимални продобивки.


Слично

Поврзани вести