Економија, финансии, бизнис

Контакт

„А ОСВЕН ПР ДА ПОРАБОТЕВТЕ НЕШТО?“ Макрадули со остра реакција за состојбата со буџетот

„А ОСВЕН ПР ДА ПОРАБОТЕВТЕ НЕШТО?“ Макрадули со остра реакција за состојбата со буџетот

Јани Макрадули од СДСМ реагираше дека буџетот е во лоша состојба и порача дека единствено решение на кое владата треба да размислува се предвремени избори.
„Вчера, двајца министри од актуелната Влада јавно признаа дека:

- буџетот не е баш во посакувана состојба;

- капиталните инвестиции се изгубени во простор и време;

- британскиот кредит нема да го види светлото на денот во 2026 година;

- се бега од одговорност за нереализираните политики и проекти;

- нема реализација на проекти од унгарскиот кредит за општините, со образложение, демек немало работници;

- нема најави за нови проекти за општините.

Во меѓувреме:

- министерот за надворешни работи и трговија, по којзнае кој пат, е во Дубаи, а одговорот за тоа како поминале 5 тони преку граница е сведено на тоа дека некој имал 40 забрани за возење.

Не знам дали Владата е свесна за состојбата со буџетот и дека ниту еден ПР нема да и помогне во справување со состојбата.

Се плашам дека единствено “решение” за кое размислуваат, ќе биде предвремени избори.

Затоа, во исто време, одеднаш се менуваат изјавите на директорката на УЈП, се најавува договор со кумановци кои работеле во странство, и се пушта во јавноста приказна за микро синдикално договарање со УПОЗ.

Изгледа дека Владата сериозно работи само на управување со впечатокот дека нешто се случува, а во позадина се бара начин, како ПР сликата да биде единствената слика која мораме да ја гледаме, ама никако во реалност да ја видиме.

А освен ПР, да поработевте нешто?“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести