Економија, финансии, бизнис

Контакт

96 отсто од домаќинствата во Словенија имаат мобилен телефон

96 отсто од домаќинствата во Словенија имаат мобилен телефон

Во едно просечното домаќинство во Словенија се користат два или три мобилни телефони, а дури 96 отсто од домаќинствата  имаат барем еден мобилен телефон, покажува извештајот на словенечката Агенција за пошта и електронски комуникации (АПЕК). Една четвртина од домаќинствата пак,  поседуваат четири или повеќе мобилни телефони.

Најголем дел од нив или две третини од домаќинствата, зборуваат преку мобилниот оператор Телеком Словенија, 30% имаат најмалку еден телефон од мобилниот оператор Симобил, а 13% ги користат услугите на Тушмобил.

Најмлку се користат услугите на мобилните оператори Дебител 8% и Т-2 кој се наоѓа на крајот на листата, со само2% застапеноста, покажало истражувањето на словенечката Агенција.

Слично

Поврзани вести