956 илјади евра грант од ИПА фондовите за Царевите кули
Струмица и Кукуш од Грција добија 956 илјади евра, грант од ИПА фондовите на ЕУ од Програмата за прекугранична соработка. Со 336 илјади евра ќе се заокружи реставрацијата на Царевите кули над Струмица.
Според Зоран Заев, ова е прв заеднички проект на двете погранични општини од Македонија и Грција, кој во силна конкуренција од 180 пристигнати проекти, без проблеми ги помина строгите критериуми на комисијата на Европската унија.
- Вкупните средства за овој проект кој е од областа на заштитата на културното наследство, традицијата и развојот на туризмот во двете соседни општини се 956 илјади евра од кои на општина Струмица на располагање и се 336 илјади евра. Со овие средства и со средства од општинскиот буџет во наредните две години, со помош на стручните луѓе од Завод-Музеј Струмица ќе извршиме комплетна реставрација на западниот бедем на тврдината и влезната северна врата на Царевите кули над Струмица, рече градоначалникот Зоран Заев.
Целосното завршување на реставрацијата на Царевите кули, која ја започна Министерството за култура, се планира за 2014 година, кога се одбележуваат 100 години од битката на Беласица.
Слично
