Економија, финансии, бизнис

Контакт

90 МИЛИОНИ ЕВРА: Ќе го одобрат ли заемот за гасификација пратениците?

90 МИЛИОНИ ЕВРА: Ќе го одобрат ли заемот за гасификација пратениците?

Во текот на вчерашниот ден пратениците расправаа за предлогот Законот за заем од 90 милиони евра кај Дојче банка и Ерсте банка  кои ќе бидат искористени за гасификација.

Денеска истата расправа продолжува.

Пратениците од двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ водат жестоки дискусии по ова прашање.

Антидржавен и коруптивен е законот со кој Владата сака по скратена постапка да се задолжи кај Дојче банк и Ерсте банк 90 милиони евра за гасификација, а при тоа дел од парите во исклучителни случаи да ги користи за буџетска поддршка, тврдат од опозициската СДСМ. Според Кире Наумов, ова задолжување кај двете комерцијални банки е двојно поскапо од задолжувањето што за истиот проект би се реализирало кај Светската банка, која исто така изразила интерес да го финасира проектот.

„Со ова задолжување, државата на камати ќе потроши повеќе од 10 милиони евра. А, одбивањето на Владата да соработува со Светска банка за да се добие кредит со поповолни услови има една друга цел, и тоа се гледа самиот закон, каде има член со кој овие пари ќе може да се трошат за буџетска подрршка. Ставрески со овој потег единствено сака овие средства да ги троши за корумпирање на гласачите на изборите што следуваат во април“, вели Кире Наумов, претседател на Комисијата за финансирање во СДСМ.

Фактор, ексклузивно го објави документот со кој од Светска банка на министерот за финансии Зоран Ставрески му пишале дека се заинтерсирани  да го финасираат проектот гасификација.

Од Министерството за финансии, официјално не се одговорија зошто се задолжуваат кај коменрицјалните банки, наместо кај Светска банка, но неофицијално министерот за финансии Зоран Ставрески брифираше дека причината за таквиот потег била затоа што намерите на Светска банка биле присутни долги години, но немало конкретна реализација. Затоа се отишло на варијантата комерцијално финансирање за завршување гасификацијата. Ставревсни тврди дека парите од комерцијалниот кредит нема да можат да се искористат за предизборни цели. Тој тоа го објасни поради контролите од банките и бидејќи средствата се пуштаат на рати.

Официјално од Светска банка, засега не сакаа да го коментираат случајот.

Што ќе содржи договорот за заем?

Според неофицијалните информации на Фактор, парите ќе треба да се повлечат во седум транши. Еве како би изгледало повлекувањето на парите од комерцијалните банки.

Барање за користење на средствата   Датум на користење на средствата (од датумот на овој Договор)

  • Прво барање за користење на средствата 2 недели                             10.000.000 евра
  • Второ барање за користење на средствата 6 месеци                             10.000.000 евра
  • Трето барање за користење на средствата 12 месеци                          15.000.000 евра
  • Четврто барање за користење на средствата 18 месеци 15.000.000 евра
  • Петто барање за користење на средствата 24 месеци                          15.000.000 евра
  • Шесто барање за користење на средствата 30 месеци                          15.000.000 евра
  • Седмо барање за користење на средствата 36 месеци                          10.000.000 евра

Дополнително, според информациите на Фактор, 60 милиони евра најверојатно ќе бидат кредит од Дојче банк, а останатите 30 милиони евра од  од Ерсте банк.

Со кредит од 90 милиони евра ќе се градат 204 км гасоводна мрежа, а со клириншкиот долг од 75 милиони евра се гради  60 километри гасоводна мрежа

Според, првичните информации на Фактор, гасоводната мрежа што треба да се гради од блок станица 5 до Неготино е со должина од 36 километри , потоа од Неготино до Битола е со должина од 92 километри , а од Скопје преку Тетово до Гостивар има должина од  76 километри.

Тоа значи дека изградбата на 204 километри гасоводна мрежа ќе чини 90 милиони евра. Или 441.176 евра за километар.

Но, токму поради овие суми дел од енергетските познавачи ја отвораат дилемата за гасоводната мрежа што се гради од Клечеовце до Штип, а за кој ќе се потрошат 75 милиони долари за 60 километри долгата гасоводна мрежа. Оваа гасовдна мрежа се гради со пари од клириншкиот долг со Русија, и уште на стартот дел од енергетичарите посочија дека станува збор за многу скапа инвестиција.

Иако се бараа одговори, како е пресметано дека гасоводната мрежа од Клечовце до Штип ќе чини 1,2 милиони долари од километар никој од надлежните институции не одговори како е стигнато до таа сума.

Слично

Поврзани вести