Економија, финансии, бизнис

Контакт

83 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАЕМ за 26 км експресен пат од Крива Паланка до Ранковце

83 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАЕМ за 26 км експресен пат од Крива Паланка до Ранковце

Бордот на директори на Светската банка неодамна одобри заем во износ од 83 милиони евра за изградба на автопат помеѓу Скопје и граничниот премин Деве Баир, Ѓуешево од бугарска страна.

Средствата се наменети за изградба на делницата од Ранковце до Крива Паланка, на 10 километри од бугарската граница, а договорот за заемот треба да биде потпишан денес од страната на Министерството за финансии и Светска банка.

Од тие 83 милиони,  78 се наменети за изградба на експресниот пат додека пет милиони за  за воспоставување систем за управување со мостови и институционална поддршка.

Предвидено е патот да почне да се гради напролет а истиот ќе има должина од 26 км и четири ленти по две во правец.

Овој автопат е дел од „Коридорот 8“, кој ги поврзува Бугарија, Македонија и Албанија.

Изградбата ќе трае 3 години и делницата треба да биде отворена во 2019 година.

Ова е трет транспортен проект кој Светската банка го финансира во Македонија.

Слично

Поврзани вести