Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осумдесет тони македонско јагнешко месо со сомнително потекло завршило во Бугарија

Осумдесет тони македонско јагнешко месо со сомнително потекло завршило во Бугарија

80 тони јагнешко месо од Македонија стасало на пазарот во Бугарија. Македонското месо е со непознат печат, тврдат од Националната асоцијација за овци и кози во Бугарија.  

Според асоцијацијата, македонското јагне е поевтино за 20 % од бугарското, но истото поради нејасниот печат би можело да биде опасно.

Сомнителното јагнешко месо доаѓа од калинца од Кавадарци, преку Грција а е наменето за три месни магацини во Софија, Добрич и Пловдив. За од таму да се дистрибуира низ цела Бугарија, пишуваат бугарските медиуми.

Симеон Караколев од асоцијацијата посочил дека месото е сомнително, бидејќи не било проверено од бугарските власти, туку од грчките. На голем дел од јагнешкото месо недостигал и печат.

За Велигден во соседна Бугарија се очекува околу 200 тони јагнешко да заврши на семејните трпези.

Бугарската агенција за храна и ветринарство ќе го испита потеклото на јагнето.

Слично

Поврзани вести