80 МИЛИОНИ МЕСЕЧНО: Ова се новите активности со кои се богати ИСИС
Месечните приходи на Исламската држава изнесуваат 80 милиони долари, а скоро половина од приходите доаѓаат од илегалната трговија со нафта.
Меѓутоа, како што се наведува во истражувањето на американската компанија IHS, поголемиот дел од месечните приходи, доаѓа од данокот што им го плаќаат комерцијалните претпријатија кои се наоѓаат на територии кои ги контролира ИСИС.
Според анализата, околу седум отсто од приходите терористите ги остваруваат и од продажба на наркотици и археолошки предмети.
Остатокот (43 отсто) терористите ги земаат од нелегалната трговија со нафта.
Од друга страна пак, блогот Jihadology објави извештај за начините од кои ИСИС се финансира од една провинција во Сирија. Деир ез Зор е провинција што е под контрола на терористичката организација од 2014 година.
Според извештајот ова е изворот на приходите на Исламската Држава
Приходи од нафта (27,7 проценти)
Даночните приходи ( 23,7 проценти )
Конфискација (44,7 проценти)
Иако оваа провинција е една од најпознатите области богати со нафта во Сирија, сепак само 27,7 проценти од приходите доаѓаат од продажба на нафта.
Дури 45 отсто од парите на ИСИС доаѓаат од изнудување пари, запленување земјиште и имот од луѓето кои се под контрола на калифатот.
