Економија, финансии, бизнис

Контакт

8 милиони автомобили на „Фолксваген“ се со манипулиран софтвер во ЕУ

8 милиони автомобили на „Фолксваген“ се со манипулиран софтвер во ЕУ

Скандалот со манипулирачки софтвер за мерење на испуштачки штетни гасови од дизел автомобили на германскиот концерн Volkswagen започна во САД, но сега се покажува дека поголемиот дел од погодените автомобили се во Европа.

Општо земено од вкупно околу 11 милиони изманипулирани автомобили во рамките на Европската унија (ЕУ) погодените се околу 8 милиони ги потврди информациите портпаролот на VW во Волфсбург за весникот Handelsblatt.

Весникот пишува дека сите пратеници од Бундестагот, кои се од области во кои има фабрики на компанијата, се информирани за случајот. Во писмата до нив компанијата се извинува за "погрешното држење на некои лица во концернот" и ветува дека Надзорниот одбор со помош на германски и американски адвокати ќе го следи "коректно решение на процесот".

За сите казни и за покривање на трошоците при сервисните акции Volkswagen AG веќе објави дека резервирани се 6,5 милијарди евра од тековниот готовински прилив. Дали оваа сума ќе биде доволна, ќе зависи, меѓу другото, од тоа колку убедливо новиот топ менаџмент на компанија со седиште во Волфсбург се претставува пред властите во САД и Австралија при истрагата на скандалот.

Според DPA финансискиот оддел на производителот проучува различни сценарија со негативен развој, земајќи ги предвид билансни ефекти поради можните намалувања на кредитниот рејтинг, колапс во продажбата и неочекувано високи парични казни.

Пред неколку дена стана јасно дека 5700 нови автомобили од брендовите Volkswagen и Audi се погодени во Бугарија од скандалот со манипулирачки софтвер.

Слично

Поврзани вести