8 држави кои се даночен и природен рај
Постојат речиси 80 држави, кои се сметаат за т.н. даночен рај - тие имаат специфично законодавство кои овозможува плаќање на сосема ниски или никакви даноци.
Повеќе милијардери се насочуваат да регистрираат компании во овие земји, за да ги искористат предностите на даночни олеснувања - претежно офшор банкарски сметки и нулта стапки.
Видете кои од овие 8 држави се сметаат за даночен рај, кои се и неверојатно убави и егзотични места.
Тие се погодни не само за офшор деловна компанија, но и за незаборавен одмор па дури и за постојан престој, тврди весникот Бизнис инсајдер кој ја направил листата.
8. Белизе
Белизе е тропски рај во Карипското Море, познат со можностите за нуркање меѓу неверојатните убавини на коралниот гребен. Тоа е соодветно место и за луѓе кои преферираат дискреција. Англискиот е официјален јазик, иако голем дел од локалните луѓе зборуваат и шпански. Населението брои 332 илјади луѓе.
7. Британски Девствени Острови
Следниот Карипски и даночен рај. Овде данокот на добивка е 0%, овој доход, исто така, нема давачки и за многу други активности. Ако се здобиете со сопственост, може да добиете привремено државјанство кое овозможува 6 месеци престој во земјата годишно. Годишниот данок на имот е 1,5%. Официјален јазик е англиски, населението е едвај 32 илјади жители.
6. Кајмански Острови
Тука нема корпоративниот данок, ниту имот. Затоа е најпосакувана дестинација со години од големите американски компании во листовите на Fortune 500. Тука поделби имаат гиганти како Apple, IBM и други. Официјален јазик е англиски, населението е 58 илјади луѓе.
5. Костарика
Минатата година Костарика била посетена од над 2,5 милиони туристи. Централноамериканската држава е позната со врнежливи шуми, недопрени плажи и водопади. Корпорациите не плаќаат данок на добивка за приходи надвор од нејзината надлежност, ниту данок на дивидендите и каматите. Официјален јазик е шпански, населението е 4,8 милиони луѓе.
4. Монако
Кнежевството е познато по своите казина, најпосетуваните места од богаташи со јахти од целиот свет. И тука нема данок на доход. Официјален јазик е француски, населението е малку над 37 илјади жители.
3. Сејшели
Тие се состојат од 115 рајски острови крај западниот брег на Африка. Регионот е полн со корални гребени, диви плажи, луксузни летувалишта. Нема данок на доход, капитални добивки или сопственост. За да се добие статус на постојан жител, потребно е да поминете тука само 5 дена годишно и да преведете во локална банкарска сметка 10 000 долари годишно. Се зборува англиски и француски, населението е 89 илјади луѓе.
2. Панама
Таа е една од најбрзо растечките економии во Централна Америка. Нема даночни договори со други држави. Тука банкарската тајна е на високо ниво. Во земјата нема данок на доход, дивидендите или капитални добивки. Населението брои околу 3,8 милиони луѓе.
1. Порторико
Макар и официјално да е територија на САД, земјата има сопствена даночна политика. Од 2012 година е во сила закон кој им дава поволни даночни услови на Американците кои таму живеат над 183 дена во годината, односно половина година. Официјални јазици се англискиот и шпанскиот, населението е 3,5 милиони луѓе.








