78 милиони евра помош за развој на Мјанмар
Баросо и Сеин се сретнаа во главиот град на Мјанмар, Најпидо и разговараа за чекорите, кои треба да се преземат за активирање на трговската размена по долгогодишните санкции, кои беа воведени за оваа азиска држава.
Претседателот на ЕК разговараше и со лидерот на опозицијата Аун Сан Су Чи.
Тој повика да се стави крај на верските убиства во Мјанмар, имајќи ги предвид судирите изминатите месеци меѓу будистите Рахини и муслиманите Рохинги, поради кои сто илјади лица ги напуштија своите домови. Околу 90 лица загинаа во најновите судири меѓу двете заедници минатата недела.
- Длабоко сме загрижени поради тие случувања и последиците што тие ги имаат врз реформите и демократизацијата на земјата. Се надеваме дека сите верски лидери ќе повикаат на воздржаност, посочи Баросо.
Владата на Мјанмар неодамна ги објави деталите околу новиот закон за инвестиции, кој има за цел да ги привлече компаниите од целиот свет.