Економија, финансии, бизнис

Контакт

7600 имигранти влегле во Македонија во последните 24 часа

7600 имигранти влегле во Македонија во последните 24 часа

Околу 7600 имигранти, многумина од нив бегалци од војната во Сирија, влегле во Македонија од Грција помеѓу 18 часот од средата до 18 часот во четвртокот, соопшти претставник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Протокот на имигранти се зголемува во текот на Балканскиот Полуостров на пат за Унгарија, откако Грција ги пренесува со ферибродови на островите во Егејското Море до Атина, од каде ги транспортира кон границата со Македонија.

„Имаме информации од нашите грчки колеги дека автобусите се на пат, па тие ќе доаѓаат и ќе продолжат да доаѓаат“, изјавил Александра Краузе од УНХЦР.

Потсетуваме дека од понеделникот наваму во Грција пристигнале близу 100 илјади имигранти.

Министерот за надворешни работи Никола Поповски, изјави дека Македонија не ја исклучува можноста за изградба на ограда долж границата за да го запре приливот од мигрантите. Ова го изјавил министерот во интервју за унгарскиот бизнис неделник ,,Фигуело”.

„Ако земеме сериозно што бара од нас Европа, и ние ќе треба да го сториме тоа исто така. Или војници, или ограда, или комбинација од двете“, изјавил Попоски.

Поповски изјавил дека Македонија правела се што може за да ги регистрира сите мигранти, но сепак најверојатно ќе требало да воспоставу ,,некој вид физичка одбрана’’.

Инаку, Унгарија веќе изгради гранична ограда висока 3,5 метри и долга 175 километри, долж границата со Србија.

Овој потег беше мошне критикуван од страна на Германија и Франција.

Германскиот министер на пример, Михаел Рот за истиот весник изјавил дека очекува земјите да ги регистрираат бегалците што влегуваат во нивните земји, но не жичните огради не биле соодветен пристап

Слично

Поврзани вести