Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов бран штрајкови во Грција

Нов бран штрајкови во Грција

Недела на нови штрајкови од денеска започнува во Грција, кои ќе ги опфатат државниот сектор, образованието, општинската админстрација и осигурителните компании.

По повик на својот синдикат, вработените во локалната самоуправа денеска ќе започнат 48-часовен штрајк против отказите и прераспоредувањето на службениците во државниот сектор, согласно мерките наметнати од меѓународните кредитори на Грција.

Државните службеници утре и в среда ќе штрајкуваат против намалувањето на бројот на работните места, а се очекува да им се приклучат и вработените во приватниот сектор.

Од денеска во 48-часовен штрајк стапуваат и вработените во осигурителните компании, како и професорите од средните училишта.

Синдикатите во Грција најавуваат целосна подготвеност да продолжат со борбата против „уништувачката политика“ на Владата и „тројката“ меѓународни кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, чии претставници вчера пристигнаа во Атина со цел со властите да ја договорат исплатата на следната транша од финансиската помош во износ од една милијарда евра.

Слично

Поврзани вести