700 работници ќе се отпуштаат од Подравка, директорите си ги зголемија платите
Надзорната комисија на Подравка го прифати планот за работа за 2013 година со кој се предвидува отпуштање на 700 работници.
Комисијата планот за работа на Подравка го усвои лани, но во тајност донела уште една одлука - ги зголеми платите на членовите на управата, пренесува „Вечерњи лист“.
„Надзорната комисија со едногласна одлука извршила усогласување на висината на платите на претседателот и членовите на управата на Подравка во согласност со нивните организациски надлежности“, потврдиле вчера од Подравка за „Вечерњи лист“.
Слично
