70 години од нуклеарниот напад на Нагасаки
Пред седумдесет години, три дена по бомбардирањето на Хирошима, САД ја фрли и втората атомска бомба врз Нагасаки.
На денешен ден, во 1945 година загинаа повеќе од 70 000 цивили во самата експлозија, а над 90 000 починаа подоцна како резултат на повредите и радијацијата.
Во нивна чест десетици луѓе присуствуваа денеска на комеморацијата на Јапонина и им оддадоа почит на загинатите со едноминутен молк во 11 часот и две минути по локално време, точно во времето кога паднала бомбата врз Нагасаки.
И по 70 години бомбардирањето на Јапонија не се смета за воено злосторство. Тоа се оправдува како нужно за ставање крај на војната.
Бомбардирањата беше одобрено од тогашниот претседател на САД, Хари С. Труман, кој повеќе пати повторил дека нападите на Јапонија спасиле многу животи на двете страни.
Во нуклеарните напади загинаа повеќе од 450.000 луѓе - 292.325 во Хирошима и 165.409 во Нагасаки.
