Економија, финансии, бизнис

Контакт

7 земји од ЕУ нудат еднаква минимална плата за цела Европа

7 земји од ЕУ нудат еднаква минимална плата за цела Европа

Министрите за европски прашања на 7 земји од ЕУ се изјаснија за воведување на минимална европска плата во сите земји-членки во согласност со националните практики и улогата на социјалните партнери.

Заедничкиот став за европска минимална плата е изразена во заедничката публикација во италијанскиот печат пред денешната средба на иницијаторите во Берлин.

„Крајно време е да ја претвориме нашата Унија во социјална, со засилени права на работниците, вистинска еднаквост помеѓу мажите и жените, сигурни работни места и гарантирани приходи“, велат министрите. 

Тие инсистираат на силен социјален столб на Унијата да биде ставен во декларацијата од Рим за 60-годишнината од договорот, кој ги положил темелите на Заедницата. Сега минималната плата во 28-тите е многу поинаква - на едниот пол се Бугарија и Романија со 235 и 275 евра, а на другиот - Луксембург со речиси 2.000 евра. 

Во само седум земји-членки минималната плата надминува 1000 евра - тоа се Франција, Германија, земјите од Бенелукс и Велика Британија. Само 21 од вкупно 28 држави во Унијата имаат законски одредена минимална плата за сите сектори. Исклучоците се Австрија, Кипар, Данска, Финска, Италија и Шведска.

Слично

Поврзани вести