Економија, финансии, бизнис

Контакт

7,4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ: Пратеник наплатувал како со кола да доаѓа од Мелбурн во Скопје

7,4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ: Пратеник наплатувал како со кола да доаѓа од Мелбурн во Скопје

Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија објави дека Собранието на Македонија исплатило 7,4 милиони евра за патни трошоци на пратениците во изминативе 10 години.

На пратеникот од дијаспората Васко Наумовски за една година му била исплатени неверојатни 971.474 денари, или 15.800 евра за патни трошоци.

Vasko-Naumovski

СКУП пишува дека не добиле одговор од Наумовски за ова прашање.

Пратеникот во Македонското собрание од изборната единица Азија и Австралија е скоро непознат за домашната јавност. Ретко се појавува за излагање, за реплика или пак за да постави пратеничко прашање.

Од Центарот укажуваат дека наплатата на патните трошоци од страна на Наумовски е дискутабилна затоа што испаѓа како да доаѓа со кола од Австралија до Македонија за да присуствува на собраниските седници.

Слично

Поврзани вести