Средба на Заев и Груевски поради блокадата на Анкетната комисија
Во отсуство на камери и без изјави за медиумите заврши средбата во Владата на премиерот Никола Груевски и водачот на опозициониот СДСМ, Зоран Заев. 45 минути се пеглале ставовите околу работата на комисијата за инцидентите од 24-ти декември. Груевски и Заев се договориле, ако не се постигне договор до петок , тогаш ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение.
„Во периодот што следува да се вложат последни напори за откочување на процесот, негово интензивирање и донесување на конечно решение околу извештајот на комисијата, како последен обид за постигнување договор, чие евентуално недонесување ги загрозува европските перспективи на Република Македонија. На средбата беше договорено, досегашниот краен рок за постигнување согласност за извештајот на комисијата, 14 август, да се пролонгира и истиот да биде до петок, 23 август по што доколку не биде постигната согласност ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение. За договорените активности во наредниот период јавноста ќе биде навремено информирана“, соопшти Секторот за односи со јавноста на Владата.Работата на Комисијата е блокирана цел месец откако претседателот Борче Давитковски поднесе оставка. Ова беше повод за голем број партиски препукувања и меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата.
Слично
