Економија, финансии, бизнис

Контакт

655 милиони евра ќе одобри ЕУ за Хрватска

655 милиони евра ќе одобри ЕУ за Хрватска
Европската комисија денеска предложи да се изврши измена на годинешниот буџет на Европската унија со цел да се земе предвид влезот на Хрватска во Унијата на 1 јули оваа година.

Предложеното зголемување е за 655 милиони евра, пари што ќе им бидат на располагање на Хрватите, од кои 374 милиони евра ќе може да наплатат во оваа 2013 година, додека останатите 281 милион евра во следните три години.

- Од 1 јули 2013 година, кога Хрватска ќе стане дел од ЕУ, регионите и градовите, малите и средните бизниси, невладините организации и останатите ќе имаат достапност до ЕУ-фондовите како и останатите земји-членки. Овој амандман на буџетот едноставно е имплементација на финансиските аспекти на едногласниот договор на земјите-членки за прием на Хрватска како 28. земја во Европската унија,  истакна еврокомесарот за финансиско програмирање, Јануш Левандовски.

Инаку, Хрватска ќе инвестира во буџетот на ЕУ со 212 милиони евра оваа година, што ако се одземе од достапните 374 милиони евра, значи дека поранешната југословенска држава ќе добие 162 милиони евра во проекти за земјоделство, подготовка за шенген, безбедност, економски раст итн.

Како што е познато, овој предлог-амадман за менување на буџетот на Комисијата мора да биде усвоен од страна на Европскиот парламент и на Советот на министри на ЕУ.

Слично

Поврзани вести