Економија, финансии, бизнис

Контакт

650 луѓе од само една фела ќе добијат постојано вработување

650 луѓе од само една фела ќе добијат постојано вработување

Околу 650 асистенти за работа со деца со посебни потреби, кои се вклучуваат во нормална настава во учиштата со преостанатите уечници наместо групно да се изолираат, ќе бидат редовно вработени, во проект на УНДП, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување.

15 нови асистенти за деца со посебни потреби ќе бидат ангажирани во училиштата во општина Тетово, како дел од проектот кој УНДП го реализира со општината, информираа од УНДП на денешната прес-конференција. Се работи за програма во која е вклучена корисна работа, чија цел е децата со посебни потреби да се вклучат во наставата, односно да се постигне нивна инклузивност во образованието.

– Со ваквите активности сакаме да покажеме колку е важно децата со посебни потреби да се чувствуваат како дел од училиштето. Со оглед на посветеноста на директорите на училиштата и локалната самоуправа, веруваме дека ова ќе биде трајна практика, не само привремено реализирање на проект – изјави претставничката на УНДП во Македонија, Луиза Витон.

Досега овие аситенти по завршените обуки и практична работа работеа активно без да биде решен нивниот статус.

Во проектот се вклучени 56 општини, а ќе бидат вработени вкупно 650 асистенти.

– Иако се вработуваат 650 лица, сепак придобивките ќе бидат за илјадници луѓе од повеќето општини во земјата – истакна Витон.

Проектот се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика и АВРМ.


Слично

Поврзани вести