650 лева за м²: Станови по атрактивна цена по крајбрежјето на Црното Море
Пуштени се во продажба над 20 атрактивни имотина Јужното крајбрежје на Црното Море по исклучително атрактивни цени.
Имотите се станови и деловен простор и се наоѓаат во Ахелои, летувалиштето Сончев Брег, Несебар и Свети власт.
Цените за квадратен метар се повеќе од примамливи, коментираат брокери, пренесоа бугарските медиуми.
На пример еден од становите во Несебар чини 650 лева за квадратен метар. Детални информации за тендерите може да се најде на сајтот на Националната агенција за приходи - www.nap.bg.
Крајната мерка e наметната на должници кои не презеле какви и да е акција за отплата на обврските. Некои од нив постепено ги наталожиле долговите кон републиканскиот буџет.
139 млн.лв. долгови собрале даночните власти во Бургас за првите шест месеци од годината. Сумата е 14 милиони повеќе од истиот период минатата година. Од приходите Заводот во поморскиот град предвиде тренд за зголемување на доброволната отплата на долгови од страна на претпријатијата, а исто така и на физичките лица.
Околу 20% од лицата и фирмите со долгови остануваат целосно пасивни и не бараат контакт со завод за приходи . Во овие случаи се превземаат крајните мерки на присилната наплата, запленети се банкарски сметки на должниците, запленети се пари од каси, се наметнуваат запленувања на движен и недвижен имот, се продава и имот.
Територијалната дирекција на АНИ - Бургас поставила под постојан надзор 1077 фирми, од кои секоја со обврски од над 50 000 лева.
