Економија, финансии, бизнис

Контакт

64 обвинети за корупцискиот скандал во Грција од 1998

64 обвинети за корупцискиот скандал во Грција од 1998

Грчките власти покренаа обвинение против 64 лица кои се вмешани во корупцискиот скандал од пред 17 години, со германски гигант „Сименс“.

Од истрагата велат дека државата загубила 70 милиони евра од договорот за продажба на опрема од „Сименс“ за Грчката телекомуникациска компанија „ОТЕ“, кој е потпишан во 1998 година.

Од судот прецизираа дека 64 грчки и германски државјани ќе бидат изведени пред суд. Против нив се покренати обвиненија за перење пари и примање на поткуп. Меѓу обвинетите има високи претставници на „Сименс“ и „ОТЕ“, како и поранешниот благајник на „ПАСОК“.

Двајца од обвинетите веќе не живеат во Грција, а другите се наоѓаат во Германија. Ако бидат прогласени за виновни, тие може да добијат казни и до 20 години.

Слично

Поврзани вести