62% од Германците се против безвизен режим со Турција
Повеќето германски граѓани се противат на воведувањето на безвизен режим со Турција.
Ова е потврдено од денес објавените резултати од анкета спроведена од „Infratest dimap“ за телевизија „ARD“.
Истражувањето покажува дека 62% од испитаниците се против укинувањето на визите за турските граѓани.
Само 33% го одобруваат воведувањето на безвизен режим. Во истражувањето спроведено помеѓу 2 и 3 мај, учествувале околу илјада германски државјани.
Во средата Европската комисија го препорача воведувањето на безвизен режим за турските граѓани кои патуваат на кратко во Заедницата. Анкара, сепак, е обврзана да ги исполни преостанатите 5 од 72-те барања наведени во акциониот план за подготовка на безвизен режим меѓу Турција и ЕУ.
Слично
