Економија, финансии, бизнис

Контакт

6 милиони денари за подновување на штипскиот Универзитет

6 милиони денари за подновување на штипскиот Универзитет

Денеска во употреба беше пуштен Центарот за рекреација и физиотерапија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Според министерот за образование и наука Панче Кралев, современата опрема инсталирана во центарот ќе го подобри квалитетот на практичната настава за студентите на додипломски и постдипломски студии на отсекот физиотерапија на Медицинскиот факултет во Штип, а ќе биде достапна и за сите заинтересирани граѓани.

„Со инвестиција од над шест милиони денари, Универзитетот „Гоце Делчев“ демонстрира дека и во иднина ќе може да вложи во ваков тип  лабаратории и центри за практична настава, рече Кралев, додавајќи дека преку проектот на Владата на Штипскиот универзитет се инсталирани и други видови лабаротории, кои дополнително ќе бидат промовирани.

На Медицинскиот факултет во Штип, студираат 300 студенти, од кои 30 се од странство.

Слично

Поврзани вести