55% од Германците ја поддржуваат Меркел за Грција
Повеќе од половина Германци, или 55% од нив, ја поддржуваат својата канцеларка Ангела Меркел во однос на преговорите за последната спасувачка програма за Атина.
Ова го покажува анкетата на социолошката агенција „Форс“, направена за списанието „Штерн“ и телевизија „RTL“.
Според податоците речиси една третина од анкетираните сакаат Грција да ја напушти еврозоната. Други 31% сметаат дека Меркел би требало да инсистира за излегувањето на Атина од единствениот монетарен сојуз.
Мнозинството од 81% се сомневаат дека грчката влада навистина ќе ги спроведе договорените реформи.
Другото истражување на агенцијата од минатата недела го покажува големото одобрување за германската канцеларка - 56%, а поддршката за нејзината партија „ХДЗ“ / „ЦСУ“ останува непроменето на 42%.
На крајот на минатата недела лидерите на еврозоната успеаја да договорат со Грција предлог за започнување на преговори за третата спасувачка програма, која вклучува голем број на реформи и зголемување на даноците во замена на нови средства за грчката економија.
