Економија, финансии, бизнис

Контакт

55 илјади евра за пет нови фасади во центарот на Скопје

55 илјади евра за пет нови фасади во центарот на Скопје
Вкупно 55 илјади евра ќе го чини Градот Скопје реконструкцијата на фасадите, на првите пет објекти во центарот на градот. Поточно се работи за обнова на фасадите на објектите на улицата Никола Вапцаров број 9, 11 и 13 и објекти на улицата Димитрие Чуповски број 20 и 10. Градот договорот за реконструкцијата го склучи со Друштво за проектирање,градежно занаетчиски работи,трговија и услуги “Инком инжинеринг” од Скопје, кои доставиле најповолна понуда. Компанијата е должна да изработи основен проект со вклучена ревизија за реконструкција на фасадите на објектите. Фасадите ќе се реконструираат во согласност со избраните идејни решенија и ќе бидат во склоп на проектот Скопје 2014, а се на архитектите  Звонко Ставревски и Жарко Чаушевски, кои на јавноста и се познати по други градби од овој проект. Инаку по­ве­ќе од половина милион евра од град­ска­та ка­са се по­тро­ши­ја за ре­кон­струк­ци­и­те на фа­са­ди­те на об­је­ктот „Пе­ли­стер“ и на об­је­ктот над ка­фу­ле­то „Тренд“, на пло­шта­дот Ма­ке­до­ни­ја, На об­је­ктот „Пе­ли­стер“, ре­кон­стру­и­ра­на е вкуп­на по­вр­ши­на од око­лу 1.200 ква­драт­ни ме­три. За­врш­ни­ца­та на фа­са­да­та е од дро­бен тра­вер­тин­ски ка­мен, а на ме­ста од ба­кар и од ко­ва­но же­ле­зо. На објектот на над ка­фу­ле­то „Тренд“, се ре­кон­стру­и­ра­ше чел­ни­от дел на об­је­ктот кој гле­да кон град­ски­от пло­штад. Се об­но­ви по­вр­ши­на од 210 ква­драт­ни ме­три, со при­ро­ден ма­те­ри­јал, стак­ло и со изо­ла­ци­ја. Ре­кон­струк­ци­ја­та на оваа фа­са­да чи­ни близу 60 илјади евра, а градежните ра­бо­ти, како и за Пелистер , ги из­ве­де фир­ма­та „Ба­у­ер БГ“.
Слично

Поврзани вести