Економија, финансии, бизнис

Контакт

54% од Грците ја поддржуваат „Сириза“

54% од Грците ја поддржуваат „Сириза“

Повеќето Грци ја поддржуваат владата на „Сириза“ во преговорите со кредиторите од ЕУ и ММФ, но сакаат договор кој ќе им овозможи останување на земјата во еврозоната, покажува најновото истражување.

Истражувањето на јавното мислење нарачано од весникот „Avgi“, покажува дека 54% од испитаниците го одобруваат начинот на преговарање. Додека 89% се против намалувањето на пензиите, а 81% се против отпуштање на работниците.

Уште од август 2014 година Грција ја очекува исплата од кредиторите во износ од 7,2 милијарди евра од вкупниот пакет од 240 милијарди евра. Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд бараат спроведување на реформите во замена за помош, но на прво место ја ставаат реформата на пазарот на труд.

Овие реформи се спротивни на предизборните ветувања на премиерот Алексис Ципрас. Во саботата тој повторил дека неговата влада нема да попушти пред „неразумните барања“, кои се во спротивност со „црвените линии“, дефинирани во кампањата“. Ако не се договори со кредиторите, Грција нема да може да ги исполни преземените обврски, а тоа може да ја принуди Грција да излезе од еврозоната.

Според резултатите од анкетата, 71 отсто од испитаниците ја поддржуваат заедничката европска валута, а 68% сметаат дека враќањето на драхмата само би и наштетила на ситуацијата во земјата.

Слично

Поврзани вести