Агрокор го купи Меркатор и стана најголемата компанија во средна и источна Европа
Хрватски Агрокор е новиот сопственок на словенечки Меркатор по потпишувањето купопродажен договор за превземање на 53.12 отсто од акциите. Притоа Агрокор треба да плати 120 евра по акција. Според пресметките, вкупната купопродажна цена чини 240 милиони евра за компанија која се проценува на 452 милиони евра.
Со ова новиот Агрокор станува најголема компанија во средна и источна Европа која ќе остварува годишен приход од 7 милијарди евра и ќе вработува 60.000 луѓе. Претходно словенечката Нова Љубљанска банка, во договор со владата одлучи да му ги продаде своите акции во Меркатор на Агрокор кој е во сопственост на најбогатиот човек во регионот, Ивица Тодориќ.
Ова е петти обид на Агрокор да го преземе Меркатор. Претходно Тодориќ понуди 220 евра за акција на словенечкиот трговец, но тогаш акциите на Меркатор беа повисоки.
Слично
