Економија, финансии, бизнис

Контакт

500 милиони долари заем ќе даде Москва на Србија

500 милиони долари заем ќе даде Москва на Србија
Москва предложила на Белград заем од 500 милиони долари, соопшти српскиот весник “Блиц”. Медиумот го цитираше српскиот министер за финансии Млаѓан Динкиќ, според кого трансакцијата е поволна за земјата и може да биде потпишана уште следната недела. Белград е во особено тешка финансиска состојба и има итна потреба од кредит, за да го пополни буџетскиот дефицит, кој веќе е 3.6% од националното производство. Во последната година српската економија се намалила со 1.7% поради ефектот на должничката криза во еврозоната. Во јануари рускиот министер за финансии Антон Силуанов рече дека Србија ја замолила Русија за заем од 1 милијарда долари, што не е јасна причината за доделување на само половина износ. Кредитот ќе биде за период од 10 години со 2 години грејс период и каматна стапка од 3.5%, изјави Динкиќ, додавајќи дека ќе препорача на Владата да го прифати предлогот за да може договорот да биде потпишан уште следниот вторник во Москва. Претходно министерот појасни дека ќе се согласи на нов заем од Русија само ако тој нуди поволни услови од продадените пред два месеци еврообврзници со стапка од 5.15%.   Белград веќе доби 800 милиони од Москва за реорганизација на железницата и води преговори и со други земји, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати и Кина.   За да ги смири инвеститорите, следниот месец земјата, која се залага за членство во ЕУ, ќе започне разговори и со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).   Од руска страна се уште никој не ја потврдил финансиската понуда. Според рускиот бизнис портал РБК вчера претседателите Владимир Путин и Томислав Николиќ разговарале по телефон и разговараа на прашања за понатамошното продлабочување на билатералната соработка, вклучително и во енергетската, финансиската и транспортната сфера.  
Слично

Поврзани вести