Економија, финансии, бизнис

Контакт

500 ЕВРА САМО ЗА ДА ДОЈДАТ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА - еве каков начин смислил за да привлече добри работници

500 ЕВРА САМО ЗА ДА ДОЈДАТ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА - еве каков начин смислил за да привлече добри работници

Основачот на брзорастечката осигурителната компанија „Deutsche Familienversicherunga“ (Германско семејно осигурување), Стефан Кнол смислил досега незамислив начин за привлекување потенцијални работници.

Тој им нуди 500 евра на кандидатите чии биографии ги издвојува доколку дојдат на првото интервју за работа. Преминот во вториот круг интервјуа носи уште 1.000 евра, а успешното завршување на шестмесечниот пробен период компанијата на Кнол го наградува со дури 5.000 евра.

„Посебно е тешко да се најде некој со ИТ вештини. Се натпреваруваме со гиганти кои лесно можат да вработат стотици професионалци од целиот свет. Сепак, не сме заинтересирани за вработени, на пример, од Индија, туку сакаме луѓе од овде, Франкфурт“, вели Кнол.

Неговиот необичен пристап кон вработувањето покажува колку недостига работна сила во Германија, но и во остатокот од Европа.

Слично

Поврзани вести